Зеленски го повика Путин на преговори

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика рускиот претседател Владимир Путин на преговори, пренесоа руските медиуми.

„Сакам да му пренесам порака на рускиот претседател: борби се водат низ целата земја, да започнеме преговори, да спречиме луѓето да умираат“, порача Зеленски.

Претходно Украина соопшти дека е подготвена да преговара за неутрален статус со Русија, но бара безбедносни гаранции.

„Украина отсекогаш оставала и остава простор за преговори, дури и сега, кога Русија тргна во масовна инвазија“, изјави Михаил Подољак, советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски лажел кога тврдел дека е подготвен да разговара за неутралниот статус на Украина, јавуваат руските агенции.

Шефот на руската дипломатија додаде дека не гледа можност Москва да ја признае сегашната украинска влада како демократска.

Лавров рече и дека „никој не планира да ја окупира Украина“.

Share
Scroll to Top