Зеленски денеска ќе се обрати пред германскиот парламент

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да им се обрати на германските пратеници, во последен обид да ги охрабри креаторите на политиката во западните демократии во врска со војната во Украина.

Зеленски ќе се обрати пред Долниот дом на германскиот парламент во 20 часот по локално време, јавува Би-би-си.

Руската инвазија го натера германскиот канцелар Олаф Шолц веднаш да изјави поддршка за Украина. Тој го зголеми и буџетот за германската одбрана и испрати оружје во Украина.

Анкетите покажуваат дека многу Германци го поддржуваат повикот на Зеленски за забрана на руската енергија, но министрите за економија рекоа дека постепеното укинување на рускиот гас не може да стапи на сила веднаш.

Сепак, веќе постои план за запирање на увозот на руски јаглен.

Share
Scroll to Top