Зеленски: ЕУ да одреди рокови за одбивање на рускиот гас и нафта

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика Европската унија да постави конкретни рокови во кои земјите од ЕУ ќе го отфрлат рускиот гас и нафта.

– Мора да се постават конкретни рокови за секоја земја од ЕУ за навистина да се одбие или барем значително да се ограничи потрошувачката на руски гас и нафта – рече Зеленски во своето обраќање во литванскиот парламент, пренесува РИА Новости.

Зеленски изјави и дека „навистина моќната одлука“ за санкции против Русија треба веднаш да биде одобрена, без да се чека усвојување на нови пакети.

Претседателот на Украина изјави и дека ЕУ може и мора да го исполни неговиот предлог и дека покрај одбивањето на рускиот гас и нафта, треба да ги санкционира и руските банки, и сите, а не само некои, наведува РИА Новости.

Share
Scroll to Top