Зеленски им понуди оружје на сите граѓани

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и’ се обрати на нацијата, барајќи национална солидарност за украинската криза.

„Имаме силна армија и нашиот народ е силен, сакам да ја изразам мојата поддршка за армијата која е вклучена во борбите. Непријателот претрпе големи загуби, а тие ќе бидат уште потешки. Украина е нападната од воздух, од север и од југ, а националната солидарност е основата на украинската државност. Издаваме оружје на сите кои се способни да го бранат суверенитетот. Секој граѓанин ќе одлучи за иднината на нашата држава. Секој со воено искуство мора да се пријави во центрите за регрутирање. Ве молиме одговорете и дарувајте крв“, порача Зеленски.

Тој додаде дека Советот за безбедност ќе ги укине санкциите против сите кои ќе се вклучат во одбраната на Украина. Додаде дека Украина се брани и нема да се откаже од слободата, без разлика што мисли Москва.

Тој информираше и дека Украина ги прекинала дипломатските односи со Русија.

Share