Зеленски очајнички барал авиони на состанокот со американскиот Сенат

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот Сенат преку Зум врска.

Тој бара помош од Американците во форма на нови санкции против Русија, авиони и забрана за летање над Украина. Под новите санкции тој мисли на оние кои се однесуваат на енергетиката, а бара поголема воена помош од САД на кои им се заблагодари за досегашната помош.

Средбата траеше околу еден час.

Њујоршкиот демократ Чак Шумер, лидерот на мнозинството во американскиот Сенат рече дека Зеленски очајнички барал авиони.

Шумер нагласи дека ќе направи се’ што е во негова моќ да и помогне на американската администрација да префрли авиони во Украина.

Еден од неименуваните помошници во Сенатот за агенцијата АП ги кажал деталите од разговорите на Зеленски со сенаторите, наведувајќи дека украинскиот претседател им рекол дека повеќе му требаат авиони и беспилотни летала отколку други средства за одбрана.

Share
Scroll to Top