Русија се обиде да ги уценува САД со понуда да престане да споделува воени разузнавачки информации со Иран доколку Вашингтон, пак, го сокрие тој вид информации од Украина, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој рече дека украинската воена разузнавачка служба има неоспорни докази дека Русија продолжува да доставува разузнавачки информации до Иран, но не даде докази за своите тврдења, објави Ројтерс. Зборувајќи во својот претседателски комплекс во Киев, Зеленски рече дека некои ирански беспилотни летала што се користат за напади врз американските воени средства и сојузниците на САД за време на војната на Блискиот Исток содржат руски компоненти.
„Имам извештаи од нашите разузнавачки служби што покажуваат дека Русија го прави ова. Тие велат дека повеќе нема да доставуваат разузнавачки податоци до Иран ако Америка престане да доставува разузнавачки податоци до Украина. Не е ли тоа уцена? Апсолутно е“, рече Зеленски. Сепак, претседателот на Украина не кажа до кого, според извештаите на украинската воена разузнавачка служба, Русија ги испратила тие предлози.
Русија негираше дека му помогнала на Иран за време на конфликтот со САД и Израел, а Вашингтон, според написите, потврдил дека добил такви гаранции од Москва.
Текстот Зеленски: Русија се обиде да ги уценува САД е превземен од МАКФАКС.





