Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили во моментов се борат против руските војници кои се обидуваат да ја преземат поранешната нуклеарна централа Чернобил.
Регионалните власти, пак, објавија дека јужниот регион Керсон повеќе не е под контрола на Киев, откако руските сили нападнаа од копно, море и воздух.
Регионалните власти, пак, објавија дека јужниот регион Керсон повеќе не е под контрола на Киев, откако руските сили нападнаа од копно, море и воздух.
Градоначалникот на Киев прогласи полициски час, а соопштението беше пренесено на телевизија. Претходно, очевидци изјавија дека во главниот град на Украина се слушале сирени.
„Обидот на Русија да ја преземе поранешната нуклеарна централа во Чернобил е објавување војна на Европа“, изјави денеска Зеленски.
„Руските окупаторски сили се обидуваат да ја преземат нуклеарната централа во Чернобил. Нашите момци ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година.
Тоа е објава на војна на цела Европа“, напиша Зеленски на Твитер.