Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ситуацијата во Донбас е „исклучително тешка“ и оцени дека редовното снабдување со оружје за Украина е најдобрата стратегија за одржување на глобалната стабилност.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во видео-обраќање, Зеленски рече дека мнозинството руски сили биле концентрирани на нападот во Донбас, пренесува Би-би-си.
„Лиман, Попасна, Северодоњецк, Славјанск – окупаторите сакаат да уништат сè таму“, рече Владимир Зеленски.