Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да одговори на провокациите во источниот регион Донбас и дека ќе се залага за воспоставување мир преку дипломатии.
Зеленски отпатува во Германија за да присуствува на безбедносна конференција во Минхен, додека неговата земја се подготвува за можен воен напад од Русија, кој собра повеќе од 100.000 војници во близина на украинските граници, објави Ројтерс.