Украина ќе испрати засилување во северните региони на земјата и ќе го зголеми притисокот врз Белорусија со цел да се спротивстави на руските планови за започнување нова офанзива северно од Киев, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Детално ги анализиравме информациите достапни од нашите разузнавачки агенции за руското планирање на офанзивни операции во правец Чернигов-Киев. Нашите сили во овој сектор ќе бидат зајакнати“, рече Зеленски на социјалната мрежа Икс и додаде дека Киев дознал за пет сценарија за проширување на војната на север од Украина, пренесува Ројтерс.
Тој истакна дека Москва се обидува да ја вовлече Белорусија во војната и додаде дека Министерството за надворешни работи на Украина ќе подготви дополнителни мерки на дипломатско влијание во однос на Белорусија.
Зборувајќи во вечерно видео обраќање, Зеленски изјави дека „веќе е заморно што постои толку постојана закана за Украина што Русите во одреден момент можат да ја вклучат Белорусија во проширувањето на војната“.
„Тие треба да разберат дека ќе има последици за нив и тие ќе бидат значајни“, додаде тој.
Текстот Зеленски: Украина ќе ја зајакне својата одбрана на север поради руските офанзивни планови е превземен од МАКФАКС.




