Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска изјави дека патот до членството во НАТО е единствениот начин да се стави крај на војната во Донбас по телефонскиот разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој исто така ги повика земјите членки на НАТО да го зајакнат своето воено присуство во регионот на Црното Море со цел да дејствуваат против Русија, објави „Ројтерс“.
„Ние сакаме да ги реформираме армијата и секторот за одбрана, но само реформите не можат да ја запрат Русија“, истакна Зеленски, пренесе „Спутник“.
НАТО е единствениот начин да се стави крај на војната во Донбас, а членството ќе биде вистинскиот сигнал за Русија, изјавија од кабинетот на Зеленски.
Како што се додава, Зеленски и Столтенберг разговараа и за зголемениот број на кршење на примирјето.
Тој го извести Столтенберг дека Русија наводно собира војници на границата со Украина и ја зголемува нивната подготвеност за офанзива.