Претседателот на Украина Володимир Зеленски даде интервју за магазинот „Економист“ во кое изјави зошто е важно да се запре рускиот лидер Владимир Путин.
Во интервјуто, Зеленски ги пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивната реакција на руската инвазија. Украинскиот претседател изјави дека Велика Британија дефинитивно е на украинската страна.
„Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој помага повеќе“, рече Зеленски кога новинар на „Економист“ му кажа дека британскиот премиер сака да испрати оружје повеќе од францускиот претседател Емануел Макрон.
Новинарот на „Економист“ му рекол на Зеленски дека можеби ќе го цитира Винстон Черчил, но дека тој не е Черчил и дека борбените планови им ги остава на украинските генерали.
„Луѓето се лидери“, изјави Зеленски за Економист.
Boris Johnson helping Ukraine more thanks to British public pressure, Zelensky says https://t.co/OHDQfaKnCg
— The Independent (@Independent) March 28, 2022