Земан: Признавањето на Косово е грешка

пред 4 години

Претседателот на Чешка, Милош Земан, вели дека и понатаму останува на ставот дека признавањето на независно Косово е грешка.

Тој вели дека ова го кажал и за време на посетата на Белград во септември 2019 година.

„По многу години во политиката, јас сум познат како личност која е доследна на своите ставови. Сè уште верувам дека признавањето на независно Косово е грешка и го споменав тоа за време на мојата посета на Белград во септември 2019 година. За ова прашање разговарав и со највисоките официјални лица во мојата земја, но тие не се согласија со мене и бидејќи живееме во време на демократија, морам да го почитувам мислењето на мнозинството“, рече Земан, пренесува „Б92“.

Земан пред две години беше во Белград, а оваа година е домаќин на српскиот претседател Александар Вучиќ во Прага.

Share
Scroll to Top