Земјотрес во близина на Закинтос

пред 3 години

Силен земјотрес е регистриран околу полноќ во Јонското Море, во близина на грчкиот остров Закинтос.

Според ЕМСЦ, јачината на земјотресот била 5,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 76 километри од Закинтос.

Земјотресот најмногу го почувствувале жителите на овој грчки остров.

Длабочината на епицентарот на земјотресот е 10 километри.

Засега нема информации за материјална штета.

Share
Scroll to Top