Земјотрес посилен од 6 степени според Рихтер го погоди јужниот брег на Италија

Земјотрес посилен од 6 степени според Рихтер го погоди јужниот брег на Италија

пред 1 час

Силен земјотрес го погоди брегот на италијанскиот регион Калабрија во 0:12 часот наутро и беше почувствуван дури до Неапол, објави новинската агенција ANSA.

Епицентарот на земјотресот беше во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол.

Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) ја процени јачината на земјотресот на 6,1 на длабочина од 250 километри, додека Геолошкиот завод на САД (USGS) објави јачина од 6,2 степени.

Според ANSA, земјотресот бил почувствуван низ цела Калабрија. Нема непосредни извештаи за штети.

Текстот Земјотрес посилен од 6 степени според Рихтер го погоди јужниот брег на Италија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top