Земјотрес од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди Кина

пред 11 месеци

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди автономната област Ксинџијанг во северозападна Кина, а засега нема информации за жртви, соопштија локалните власти.

Земјотрес утринава го погоди градот Кука во префектурата Аксу во Ксинџијанг и се случи на длабочина од 15 километри, покажуваат податоците на Центарот за земјотреси во Кина, пренесува Ксинхуа.

На 50 километри од епицентарот на земјотресот нема населени места или села, а според локалните власти не е забележана материјална штета.

Текстот Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди Кина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top