Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја стресе Грција

пред 3 години

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди островите во јужна Грција.

Нема податоци за материјална штета и повредени.

Земјотресот е регистриран денеска околу 17 часот источно од Крит на длабочина од околу девет километри, соопшти Институтот за геодинамика од Атина.

Се чувствувал на Крит, но и на островите Карпатос, Касис, Родос и Санторини.

Околу 18 часот земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 16 километри.

Земјотреси од овие магнитуди не се невообичаени во Грција, која се наоѓа во близина на спојот на африканските и евроазиските тектонски плочи.

Share
Scroll to Top