Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија

пред 3 часа

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди префектурата Кумамото во југозападна Јапонија.

Јапонската метеоролошка агенција објави дека не е издадено предупредување за цунами, објави Кјодо.

Земјотресот се случил кратко по 18 часот во областа Асо во Кумамото на длабочина од околу 10 километри, според податоците од Јапонската метеоролошка агенција.

Текстот Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top