Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија.
Од Агенцијата нагласија дека нема опасност од цунами.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, и се случил на длабочина од 109 километри.
Текстот Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси е превземен од МАКФАКС.