Зигмар Габриел: Против пандемијата се бориме со средства од средниот век

пред 4 години

Поранешниот претседател на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зигмар Габриел, вели дека му недостасува употреба на современи технологии во борбата против пандемијата.

„Она што најмногу ме иритира е што дејствуваме против пандемијата со средства од средниот век. И кај чумата, луѓето се само затворани. Ние не ги користиме средствата од 21 век“, рече тој за весникот „Хајлбронер штиме“.

Габриел истакна дека апликацијата за предупредување за корона е неуспешна, дека нема следење на контактите, со цел брзо да се локализираат жариштата.

Тој исто така критикува дека здравствените организации сè уште испраќаат податоци по факс и, како што рече, пациентите веројатно сè уште рачно се бројат.

„Несфатливо е како една од најбогатите земји во светот, Германија, не е во можност да управува со своите училишта и образовни институции“, рече тој.

Share
Scroll to Top