По година во која златото скокна за 60 oтсто и постави повеќе од 50 рекорди, инвеститорите се прашуваат дали растот може да продолжи и во 2026 година. Како што пренесува Еуроњуз, експертите се поделени – дел очекуваат нови поскапувања, а дел предупредуваат на ризици.
Што ја поттикна цената во 2025?
Растот не бил предизвикан од еден настан, туку од комбинација: голема побарувачка од централните банки, геополитички тензии, трговска неизвесност, пониски каматни стапки и слаб долар. Според Светскиот совет за злато, геополитиката носи околу 12 процентни поени од растот, слабеењето на доларот и каматите уште 10, а економската експанзија 10.
Проекции за 2026 година
Светскиот совет за злато смета дека клучните фактори ќе останат, но цената веќе го „вградила“ макроекономското очекување. Затоа, основната прогноза е стабилна цена со отстапување од најмногу 5 отсто.
Алтернативни сценарија:
Блага рецесија: раст од 5–15%
Длабока криза: раст од 15–30%
Силен економски раст со политики на Трамп: пад од 5–20%
Што очекува Волстрит?
Големите банки остануваат оптимистични:
J.P. Morgan: 5.200–5.300 долари по унца
Goldman Sachs: околу 4.900 долари
Deutsche Bank: 3.950–4.950 долари (основно сценарио: 4.450)
Morgan Stanley: околу 4.500 долари
Оптимизмот се темели на тоа што централните банки продолжуваат агресивно да купуваат злато, а големи фондови сè уште имаат мала изложеност кон овој метал. Но, посилен долар или повисока инфлација би можеле да ја сопрат оваа динамика.
Иако е малку веројатно да се повтори растот од 60 проценти од 2025 година, златото влегува во 2026 со силни основи. Во услови на глобална неизвесност, улогата на златото како сигурно засолниште и понатаму останува значајна.
Текстот Златото на силни темели во 2026 – растот можен, но не и загарантиран е превземен од МАКФАКС.






