Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

пред 2 дена

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ во популарниот скијачки центар Кран-Монтана, при што повеќе од половина од загинатите биле на возраст од 18 години или помлади.

Пожарот, кој избувна во барот „Ле Констелејшн“ во 1:30 часот наутро на 1 јануари, бил предизвикан од употреба на пиротехнички прскалки во објектот, потврдија обвинителите. Истражителите веруваат дека пожарот потоа брзо се проширил, зафаќајќи го поголемиот дел од просторот за само неколку секунди, правејќи го бегството речиси невозможно, објавува „Дејли меил“.

Четириесет лица од седум земји ги загубија животите во трагедијата, од кои 26 биле на возраст меѓу 14 и 18 години. Некои од телата биле изгорени до непрепознатливост и биле идентификувани преку ДНК анализа. Меѓу загинатите имало 21 швајцарски државјанин, еден македонски државјанин, осум француски државјани, пет Италијанци и млади луѓе од Романија, Белгија, Португалија и Турција, како и лица со двојно и тројно државјанство.

Уште 116 лица се повредени, од кои некои сè уште се борат за живот.

Француските сопственици на барот, Жак и Џесика Морети, се под истрага поради сомнение за убиство од небрежност. Истражителите проверуваат дали звучната изолација на таванот била во согласност со безбедносните прописи, додека поранешните вработени тврдат дека противпожарните апарати биле заклучени, а излезот за итни случаи блокиран.

Текстот Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top