Израелската армија: Хезболах користи возила на брзата помош за транспорт на терористи и оружје

Израелската армија: Хезболах користи возила на брзата помош за транспорт на терористи и оружје

пред 1 година

Израелската војска тврди дека либанската група Хезболах „користи амбулантни возила за транспорт на терористи и оружје“ и предупредува дека Израел ќе ги таргетира возилата, без оглед на нивниот тип.

Не наведувајќи докази за ова тврдење, портпаролот на израелската армија Авихаи Адрае издаде изјава на арапски, во која изјави дека Израел ги повикува медицинските тимови да избегнуваат контакт со елементи на Хезболах и да не соработуваат со нив, пишува „Гардијан“.

Во соопштението израелската армија повторно им нареди на граѓаните на Либан да избегнуваат движење кон југот на земјата. Либанската влада објави дека 1,2 милион луѓе се раселени од своите домови поради ескалацијата на борбите и израелските воздушни напади врз земјата.

Десетици илјади Израелци исто така мораа да ги напуштат своите домови на северот на Израел поради континуираниот ракетен истрел врз Израел од јужен Либан, пренесува „Танјуг“.

Текстот Израелската армија: Хезболах користи возила на брзата помош за транспорт на терористи и оружје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top