Новата работа на Себастијан Курц во Силиконската долина- компанија чиј клиент е ЦИА

пред 2 години

Контроверзниот технолошки гигант, американската компанија „Палантир“, е новиот работодавец на поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, пишуваат австриските медиуми.

Како што наведуваат, станува збор за компанија која развива системи за анализа на големи количини на податоци, а меѓу нејзините први клиенти беа американските безбедносни служби, вклучително и ЦИА.

Според некои информации, платата на поранешниот канцелар ќе биде околу половина милион евра годишно, а наводно ќе мора да живее на релација САД – Германија и Швајцарија.

Веста за новото вработување на австрискиот политичар доаѓа нешто помалку од три месеци откако тој беше принуден да поднесе оставка од функцијата австриски канцелар поради корупциски скандал.

Нова информација поврзана со аферата објавија австриските медиуми минатата недела, а во центарот на оваа нова информација повторно е „човекот од доверба“ на Курц, Томас Шмид и неговата врска со милионерот Зигфрид Волф. Изгледа, се наведува во текстот, и двајцата учествувале во обидот на Волф да му се обезбедат привилегии при плаќање данок.

Полицијата од мобилниот телефон на Шмид извадила околу 300.000 пораки кои тој ревносно ги избришал. Според она што сега е познато, токму пораките на Шмид на крајот ја прекинале неверојатната политичка кариера на Себастијан Курц. Сепак, компанијата за која сега ќе работи „Палантир“, често беше мета на критики за соработка со тајните служби и собирање и користење на големи количини лични податоци.

Покрај американските безбедносни служби, Велика Британија ги користи нивните алатки за собирање податоци за коронавирусот, а данската полиција ги искористи своите алатки за да развие систем кој предвидува области каде се очекува зголемување на криминалот.

Share
Scroll to Top