Израелската војска прва во светот што достигнала колективен имунитет

пред 3 години

Израелските одбранбени сили објавија дека кампањата за вакцинација успешно им обезбедила на војниците колективен имунитет од коронавирус.

Тие наведуваат дека се првата армија во светот што ја постигнала таа цел, објавија израелските медиуми.

Скоро 80 ​​проценти од војниците биле вакцинирани против Ковид-19 или закрепнале, објави „Асошиејтед прес“.

Во наредните денови се очекува тој број да се зголеми на 85 проценти.

Воените власти изјавија дека сè уште не можат да ги принудат преостанатите војници да се вакцинираат.

Бригадниот генерал Алон Глазберг, главен воен медицински офицер, рече дека единиците со 90 проценти од вакцинираните или опоравените војници ќе имаат „зелен статус“, што значи дека ќе има поголема флексибилност во обуката, собирањето и дејствувањето.

„Тоа ќе ни овозможи да тренираме и да постапуваме понормално“, рече тој, додавајќи дека сè уште има некои ограничувања.

Засега не е јасно како социјалните контакти на војниците со цивилите можат да влијаат на колективниот имунитет, ниту пак тврдењето дека е постигнат е независно потврдено, наведуваат израелските медиуми.

Share
Scroll to Top