Координаторот на Исламска држава фатен на аеродром во Ирак, му се заканува смртна казна

пред 3 години

Ирачката служба за борба против тероризaм објави дека го уапсила координаторот на групата Исламска држава (ИСИС), Ирачанец познат под военото име Абу Наба. Како што се наведува, тој е уапсен откако излегол од авион во Багдад.

„ Тој беше уапсен во октомври додека „влегуваше во такси откако излезе од авион кој слета на аеродромот во Багдад“, изјави за Франс Прес, Сабах ал-Ноаман, портпарол на елитната единица за антитероризам.

Тој не сакал да го открие вистинскиот идентитет на Абу Наба.

Абу Наба беше „голема мета“, човек кој го започна своето џихадистичко патување со Ал Каеда во 2003 година, а подоцна се приклучи на различни групи. ИСИС некое време контролираше скоро една третина од Ирак, но беше потиснат кон крајот на 2017 година по крвави тригодишни борби“, додава ал-Ноаман.

„Тој беше во контакт со членовите на ИСИС во Ирак и ние долго време ја следевме нивната комуникација. Абу Наба се занимаваше со финансии, испраќаше пораки и организираше состаноци“ објасни тој.

Абу Наба бил главниот координатор на организацијата, која изумира денес, откако во 2019 година во Сирија го загуби самопрогласениот „калифат“.

Тој се наоѓа во притвор и му се заканува смртна казна само за членство во терористичка организација.

Share
Scroll to Top