Израелската војска се повлекува од Хеброн, околу 3.300 раселени жители можат да се вратат

Израелската војска се повлекува од Хеброн, околу 3.300 раселени жители можат да се вратат

пред 3 часа

Израелската војска се повлекува од градот Хеброн на окупираниот Западен Брег, нешто повеќе од една недела по почетокот на воената операција, изјави гувернерот на Хеброн, Халед Дудин.

Според него, палестинските безбедносни сили повторно воспоставиле целосна контрола врз подрачјето, а околу 3.300 раселени жители можат да се вратат во своите домови. Сепак, Дудин предупреди дека голем дел од куќите се уништени и најави итни мерки за нивна обнова.

Израелската операција почнала откако двајца напаѓачи од Хеброн убиле двајца израелски војници и раниле уште тројца. Двајцата осомничени палестински напаѓачи исто така биле убиени.

Израелската војска соопшти дека за време на операцијата уапсила неколку осомничени лица, запленила оружје и претресла стотици домови. Во моментот на објавувањето, војската сè уште официјално не го потврдила завршувањето на операцијата.

Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), во операцијата биле раселени повеќе од 3.000 луѓе, а уништени се куќи и продавници. ОН наведуваат и дека израелски војници користеле станбени згради како воени позиции.

Текстот Израелската војска се повлекува од Хеброн, околу 3.300 раселени жители можат да се вратат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top