Израелски медиуми: Ликвидиран министерот за разузнавање на Иран

Израелски медиуми: Ликвидиран министерот за разузнавање на Иран

пред 2 часа

Според израелскиот „Канал 12“, израелските одбранбени сили го ликвидирале иранскиот министер за разузнавање, Исмаил Хатиб, во продолжение на ескалацијата меѓу Израел и Иран, која сè повеќе добива контури на директна конфронтација на највисоко ниво на безбедносните структури.

Израелските медиуми наведуваат дека Хатиб, иако не бил меѓу највисоките политички и безбедносни личности во Техеран, претставува значајна алка во системот на иранската разузнавачка и безбедносна архитектура.

„Неговото значење е помало од она на Али Лариџани и други високи функционери на режимот, но тој секако е важна личност во сферата на безбедноста“, објавува „Канал 12“.

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека загриженоста расте во Техеран по смртта на секретарот на Врховниот совет за национална безбедност, Али Лариџани, и, според весникот, прашањето кој би можел да биде следната цел сè повеќе се поставува меѓу иранските функционери.

Аналитичарите проценуваат дека ваквите напади имаат двојна функција, освен што директно го ослабуваат безбедносниот апарат, тие испраќаат силна психолошка порака до иранското раководство, продлабочувајќи го чувството на ранливост и несигурност во рамките на системот.

Продолжувањето на ваквите операции би можело дополнително да ги зголеми тензиите во регионот, кој веќе е на работ на поширок конфликт, со потенцијал да вклучи повеќе актери и да се претвори во поотворен конфликт со непредвидливи последици.

Текстот Израелски медиуми: Ликвидиран министерот за разузнавање на Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top