Израел започнува со укинување на мерките против коронавирус

пред 4 години

Израел вакцинираше повеќе од половина од своите 9,3 милиони луѓе со двете дози на вакцина против коронавирус, соопшти Министерството за здравство во оваа земја.

Ова и овозможи на земјата да започне со укинување на ограничувачките мерки во борбата против Ковид-19.

Дистрибуцијата на вакцината „Фајзер / Бионтек“ започна во земјата во декември, а популацијата над 16 години се вакцинира.

Се смета дека вакцината е целосно ефикасна една недела по примањето на втората доза.

Министерот за здравство на Израел ги повика сите граѓани да ги следат здравствените препораки за коронавирусот да не се врати.

Израел ги смета Палестинците во Источен Ерусалим за дел од својата популација и обезбеди вакцини и за нив.

Ова земја исто така им ја понуди вакцината на Палестинците кои работат во Израел и израелските населби во окупираниот Западен брег.

Палестинските власти започнаа ограничена кампања за вакцинирање во Газа и на Западниот брег со употреба на дози дадени од Израел, Русија, Обединетите Арапски Емирати и глобалната програма за дистрибуција на вакцини Ковакс.

Share
Scroll to Top