Израел избриша неколку имиња од листата за отстрел: „Нема да остане никој за разговор“

Израел избриша неколку имиња од листата за отстрел: „Нема да остане никој за разговор“

пред 3 часа

Израел ги отстрани иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, и претседателот на парламентот, Мохамед Бакер Калибаф, од својата таканаречена листа за отстрел, на барање на Пакистан, кој посредуваше преку Вашингтон. Оваа информација денес беше соопштена на Ројтерс од неименуван пакистански функционер, пренесува Ројтерс.

„Нема да остане никој со кого да се разговара“

„Израелците ги имаа нивните координати и имаа намера да ги елиминираат. Им кажавме на САД дека ако ги елиминираат и нив, нема да остане никој со кого да се разговара, па затоа САД ги замолија Израелците да се повлечат“, објасни функционерот.

Текстот Израел избриша неколку имиња од листата за отстрел: „Нема да остане никој за разговор“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top