Израелскиот Комитет за планирање и градење во Ерусалим ќе разговара за плановите за натамошна изградба надвор од границите на Ерусалим, пренесува „Хаарец“.
Ова е, според „Хаарец“, првпат да се предлага и дискутира планот за населување од почетокот на мандатот на американскиот претседател Џо Бајден.
„Хаарец“ очекува дека комитетот ќе одобри изградба на предложените 540 станбени единици во областа меѓу населбите Хар Хома и близу Гиват Хаматос во Ерусалим.
Станбените единици што ќе се градат во населбата Гиват Хаматос ќе соберат повеќе од 2.000 доселеници.
Проблемот со населбите во окупирани територии е чувствителено за Бајден бидејќи тој беше официјален претставник на администрацијата на Барак Обама, кој изврши притисок врз Израел да престане да гради и да ги проширува населбите.