Израел ослободи затвореник по 131 ден штрајк со глад

пред 2 години

Израелските власти денеска го ослободија палестинскиот затвореник Кајед Фасфус, две недели откако потпишаа договор за ослободување со кој заврши неговиот маратонски 131-дневен штрајк со глад, соопшти Клубот на палестинските затвореници.

Палестинскиот затвореник Кајед Фасфус е еден од шесте затвореници кои започнаа штрајк со глад во знак на протест против контроверзната израелска политика на „административен притвор“, која дозволува осомничените да бидат држени на неодредено време без обвинение.

Фасфус (32) остана во израелската болница од крајот на штрајкот на 23 ноември, објави АП.

Share
Scroll to Top