Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

пред 4 години

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на појасот Газа, израелските сили ја уништија единствената лабораторија за испитување на коронавирус.

Според „Гардијан“, во нападот била оштетена и канцеларијата на Катарскиот црвен крст.

Според медиумите, процентот на луѓе позитивни на коронавирус е еден од највисоките во светот, односно дури 28 проценти.

Болниците во Газа, област која е под блокада на Израел скоро 15 години, се преплавени од пациенти.

Share
Scroll to Top