Изрел ја спушти возрасната граница за вакцинација со трета доза

пред 3 години

Израел ја намали границата за примање на третата, засилувачка доза на вакцина против ковид од 60 на 50 години, што ќе им се понуди на здравствените работници, со цел да се запре растот на нови случаи поради ширењето на делта-сојот.

Генералниот директор на Министерството за здравство, Нахман Еш, ја прифати препораката на експертскиот панел да се прошири давањето на третата доза од вакцината на компаниите „Фајзер / Бионтех“ на уште некои групи, објави „Ројтерс“.

„ Лицата кои можат да ја примат третата доза се постари од 50 години, здравствени работници, лица со послаб имунитет, затвореници и затворски работници“ се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

По успешната кампања за вакцинација, во која околу 60 проценти од населението прими две дози на „Фајзер“, бројот на дневни случаи опадна од повеќе од 10.000 на едноцифрени бројки во јуни.

Меѓутоа, со ширењето на делта-сојот, бројот на случаи повторно се зголеми во Израел, така што во понеделникот имаше 5.946 новозаразени, а исто така се зголеми и бројот на тешки случаи.

Израелците над 60 години почнаа да примаат бустер дози пред две недели, пред одлуката на Американската администрација за храна и лекови, која дури вчера ја одобри употребата на третата доза за лица со послаб имунитет.

Досега, повеќе од 700.000 возрасни лица ја примиле третата доза, а израелските здравствени центри денеска почнаа да закажуваат состаноци за третата доза вакцинација за возрасната група од 50 до 59 години.

Share
Scroll to Top