Илон Маск денеска се среќава со израелскиот претседател

Илон Маск денеска се среќава со израелскиот претседател

пред 1 година

Илон Маск, сопственикот на платформата за социјални медиуми „Икс“, поранешен „Твитер“, денеска треба да се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог за време на посетата на Израел, пишува Си-ен-ен.

Кабинетот на претседателот соопшти дека за време на средбата Херцог ќе ја нагласи потребата од борба против растечкиот антисемитизам на интернет. Се очекува на состанокот да се приклучат и претставници на семејствата на заложниците што ги држи Хамас.

„Тој ќе зборува за ужасите од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври и за трајната болка и неизвесност предизвикани од заробените членови на семејството“, велат од кабинетот на претседателот.

Маск неодамна предизвика жестока реакција поради неговата поддршка за антисемитската објава на „Икс“, со која ги обвинува Евреите за поттикнување омраза против белите луѓе.

Текстот Илон Маск денеска се среќава со израелскиот претседател е превземен од МАКФАКС.