Илјадници Французи излегоа на улиците против ковид сертификатите

пред 3 години

Илјадници луѓе протестираа денеска во неколку градови низ Франција поради здравствените ковид-дозволи, кои сега се задолжителни за пристап до ресторани и кафулиња, културни и спортски настани и патувања.

Демонстрантите велат дека новите мерки се закана за нивните слободи.

Во Париз, четири групи организираа четири различни протести, а над 200 митинзи се одржаа во други француски градови, додека повеќе од 200.000 луѓе излегоа на улиците минатата недела, пренесува АП.

И покрај протестите, анкетите покажаа дека повеќето Французи поддржуваат здравствени дозволи, а милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцина, откако францускиот претседател Емануел Макрон ја објави мерката на 12 јули.

Од минатиот месец, Франција регистрираше голем број инфекции, околу 22.000 дневно, а над 47 милиони луѓе во земјата, или 70,2 проценти од населението, примиле барем една доза од вакцината, додека повеќе од 40,5 милиони, или 60,5 проценти, се целосно вакцинирани.

Share
Scroll to Top