Индискиот премиер критикуван за лошо справување со коронавирусот

пред 3 години

Дванаесет од најголемите опозициски партии во Индија го повикаа премиерот Нарендра Моди да преземе итни мерки против вториот бран на Ковид-19 во земјата каде стотици илјади луѓе починаа од коронавирус.

Рахул Ганди, лидер на најголемиот опозициски национален конгрес во Индија, го нападна Моди, тврдејќи дека тој „исчезнал“ поради акутен недостиг на вакцини, медицински кислород и лекови во земјата.

Нарекувајќи ја „апокалиптична човечка трагедија“, лидерите на опозицијата во писмото до Моди доцна синоќа наведуваат девет барања, вклучувајќи бесплатна кампања за вакцинација, бесплатно жито за сиромашните и укинување на контроверзните закони за земјоделство.

Тие исто така побараа од Моди да запре проектот за трансформација на Њу Делхи вреден милијарда долари и да ги пренасочи средствата за купување кислород и вакцини за болните.

Томас Исак, министер во комунистичката држава Керала, побара од Моди да одговори на писмото.

„ Тоа е национална потреба. Премиерот не може да продолжи да ја турка главата во песок. Отворете дијалог за тоа што треба да се направи”, напиша тој на Твитер.

Револтот поради лошото управување со пандемијата, кој ги сруши здравствените системи и кампањата за вакцинирање на земјата, ја стави владата на Моди под зголемен притисок во последните неколку дена. Лидерот е обвинет за неефикасен одговор, за препуштање на одговорноста за борба против пандемијата на слабо опремени државни влади.

Share
Scroll to Top