Индија: Денеска се очекува да бидат ослободени работниците заробени во тунелот

Индија: Денеска се очекува да бидат ослободени работниците заробени во тунелот

пред 5 месеци

Спасувачите во Индија продолжија да ги расчистуваат урнатините на тунелот под кој се заробени 41 работник, а се очекува тие да бидат ослободени денеска бидејќи треба да се расчистат само уште неколку метри за да се дојде до нив, соопштија властите.

Работниците се заробени веќе 11 дена во индиската држава Утараханд кога се урна тунел во изградба. Но, до нив бил пробиен отвор преку кој се доставувале храна, вода и лекови, објави Ројтерс.

Властите не кажаа што го предизвикало уривањето на тунелот, но регионот е подложен на лизгање на земјиштето, земјотреси и поплави.

Акцијата за спасување ја забави планинскиот терен.

Индиската влада во средата објави дека безбедноста на 29 тунели ќе биде разгледана по уривањето на тунелот во Утараханд, пренесува Танјуг.

Текстот Индија: Денеска се очекува да бидат ослободени работниците заробени во тунелот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top