Индија почна со бесплатна испорака на вакцини во соседните земји

пред 3 години

Од денес Индија, еден од водечките светски производители на лекови, ќе почне да ја дистрибуира вакцината против коронавирус на шест соседни земји.

Првите резерви на вакцини во рамките на програмата за неповратна помош ќе бидат испратени во Бутан, Малдиви, Бангладеш, Непал, Мјанмар и Сејшелите, потврди Министерството за надворешни работи.

Вакцината доаѓа како дел од програмата за помош што значи дека тие земји нема да мора да плаќаат за неа.

Индиската агенција за лекови издаде итно одобрување за употреба на две вакцини против Ковид-19. Зелено светло доби вакцината на Универзитетот во Оксфорд и фармацевтската компанија „Астра Зенека“, како и вакцина од индиската компанија „Бхает биотех“.

Индија во саботата започна програма за вакцинација на околу 300 милиони луѓе.

Share
Scroll to Top