Инфлацијата во Велика Британија се искачи на 3,3 проценти во март

Инфлацијата во Велика Британија се искачи на 3,3 проценти во март

пред 2 часа

Годишната инфлација во Велика Британија се зголеми во март од три проценти во февруари на 3,3 проценти, под силно влијание на зголемувањето на цените на горивата предизвикано од војната на Блискиот Исток, објави денес Канцеларијата за национална статистика (ONS).

Според најновите податоци, зголемувањето на инфлацијата во голема мера е резултат на зголемувањето на цените во транспортниот сектор, каде што цените скокнаа за 4,7 проценти на годишна основа, што е најбрзо од декември 2022 година.

Трошоците за домување и комунални услуги се зголемија за 4,3 проценти, при што скокот на цените на мазутот за домаќинствата од дури 95,3 проценти, што е највисок раст од септември 2022 година.

Инфлаторни притисоци се присутни и во други категории, бидејќи цените на храната и безалкохолните пијалоци го забрзаа својот раст од 3,3 проценти во февруари на 3,7 проценти во март, а цените на услугите од 4,3 проценти на 4,5 проценти, објавува Гардијан.

Спротивно на тоа, единствениот значаен пад е забележан во секторот за облека, каде што цените се намалија за 0,8 проценти.

На месечна основа, индексот на потрошувачки цени во Велика Британија се зголеми за 0,7 проценти во споредба со февруари.

Просечната цена на бензинот се зголеми за 8,6 пени (0,1 евро) по литар помеѓу февруари и март, додека цената на дизелот се зголеми за 17,6 пени (0,21 евро) по литар, што дополнително ги оптоварува буџетите на домаќинствата и бизнисите.

Доколку ситуацијата на Блискиот Исток се смири, инфлацијата во Велика Британија би можела да се искачи на 3,5 до 4 проценти во текот на летото, додека во случај на нова ескалација би можела да се искачи на 5 проценти, според аналитичарите, пренесува Танјуг.

Текстот Инфлацијата во Велика Британија се искачи на 3,3 проценти во март е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top