Инфлуенсерка обвинета за поттикнување на самоубиство преку „Тик-ток“

пред 3 години

Италијанската полиција покрена обвиненија за поттикнување самоубиство против 46-годишна инфлуенсерка, по потекло од сицилијанскиот град Сиракуза, пишува интернет-весникот „Фанпејџ“.

Полицијата одговорила откако жената објавила видео на социјалната мрежа „Тик-ток“ во кое таа и уште едно лице ги „предизвикале“ корисниците да ги покријат носот и устата со самолеплива лента, како што направиле и тие двајцата, и со тоа да спречат да дишат па да видат кој може да издржи подолго.

Полицијата оцени дека овој потег е крајно опасен затоа што е достапен на најшироката публика, вклучително и за малолетници кои се големи корисници на мрежата „Тик-ток“.

Во една порака, малолетно момче му кажува на инфлуенсерот дека е подготвен да се фрли низ балконот ако таа го поздрави лично.

Јавното мислење во Италија минатата недела беше шокирано од смртта на десетгодишно девојче од Неапол, кое, учествувајќи во сличен „предизвик“, почина.

Откако полицијата изврши претрес во станот и го одзеде компјутерот на инфлуенсерката, откриени се десетици слични видеопредизвици, кои на жената и овозможија онлајн публика од 750.000 луѓе.

Share
Scroll to Top