Ирак: По посетата на папата расте бројот на заразени со Ковид-19

пред 4 години

Во Ирак се регистрирани 5.663 нови случаи на Ковид-19, известуваат светските агенции.

Тие анализираат дека во оваа земја има драстично зголемување на бројот на нозозаразени со Ковид-19 по посетата на папата.

Тоа се случи две недели по посетата на папата Фрањо, која помина со собирање на голем број луѓе без носење маска.

Иако бројот на лица заразени со коронавирус е зголемен, во земја со 40 милиони жители, во која со децении немаат лекови, лекари и болници, властите синоќа објавија олеснување на полицискиот час воведен неколку недели порано.

Со 5.663 новозаразени и 33 починати во последните 24 часа, според Министерството за здравство, вкупниот број на заразени Ирачани достигна 768.352, вклучително и 13.827 смртни случаи.

Покрај лошиот здравствен систем, Ирак доби само 50.000 дози кинеска вакцина од компанијата „Синофарм“, а тоа беше непосредно пред посетата на Папата, пишуваат агенциите.

Багдад има план да купи 16 милиони дози вакцини против коронавирус, но парламентот сè уште не го усвои буџетот за 2021 година.

По повод првата посета на Папата на Ирак, од 5 до 8 март, беа организирани миси во присуство на стотици луѓе кои не носеа маски, како што тоа го прават во секојдневниот живот, иако беа воведени казни, анализираат медиумите.

Share
Scroll to Top