Иранска гарда: Избувнаа пожари на два танкери во Ормускиот теснец

Иранска гарда: Избувнаа пожари на два танкери во Ормускиот теснец

пред 4 часа

Иранската револуционерна гарда во четвртокот соопшти дека избувнале пожари на два нафтени танкери и еден брод-влекач во Ормускиот теснец. Според нивната изјава, до овие одделни инциденти дошло откако пловилата се обиделе да користат неовластени рути, пренесува Ројтерс.

Од Гардата наведоа дека еден танкер налетал на мина додека се обидувал да помине низ канал јужно од теснецот. Втор супертанкер се запалил откако отстапил од својата предвидена рута во источниот дел на пловниот пат. Во пожарот бил оштетен и еден брод-влекач, кој му се приближил на вториот танкер за да помогне во гаснењето на огнот.

Серија инциденти во Ормускиот теснец
Ова е најновиот во низата инциденти во овој стратешки исклучително важен премин за глобалната трговија со нафта. Во средата, ирански извори известија за уништување на четири танкери, тврдејќи дека тие налетале на мини откако се обиделе да користат рути што не биле одобрени од Техеран. Еден ден претходно, Револуционерната гарда извести за експлозии во кои биле вклучени уште три танкери.

Иран инсистира пловилата да се движат по одредена пловна рута долж неговиот брег. Поради сè почестите напади, сообраќајот на нафта низ теснецот е значително намален. Според податоците на компанијата „Kpler“, извозот на нафта паднал на само 45 отсто од нивото пред почетокот на конфликтот – што е најниско ниво од крајот на август.

Текстот Иранска гарда: Избувнаа пожари на два танкери во Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top