Иранската револуционерна гарда лансираше 16 балистички ракети за време на вежбата „Големиот пророк 17“. Вежбата беше одржана поради „заканите кои доаѓаат од Израел“, изјави иранскиот генерал Мохамед Багери.
Меѓу ракетите кои беа лансирани се „Емад“, „Гадр“ и „Сеџил“, балистички ракети со среден дострел, кои можат да ја погодат целта на растојание од 1.700 до 2.500 километри.
Лансирани се и „Целсал“, ненаведувана артилериска ракета со дострел од 200 километри и Золфагар, ракета со дострел од 700 километри што погодува цел со прецизност од еден метар, јавија иранските медиуми, додавајќи дека сите проектили погодувале цели со прецизност од 100 проценти.
Вежбата се одржа на југот на Иран, во провинциите Бушер, Хормозган и Кузестан, како и во водите на Персискиот Залив и Морето Ормус.
Началникот на Генералштабот, генерал Мохамед Багери, изјави дека вежбата била однапред планирана, но дека „поради големиот број закани кои доаѓаат од Израел во последните денови, таа е одржана сега“.
„Доколку претставниците на ционистичкиот режим направат нешто против Иран, ќе им ги отсечеме рацете“, рече Багери.