Иран: Американците треба да ја повикаат својата влада на одговорност за војната

Иран: Американците треба да ја повикаат својата влада на одговорност за војната

пред 1 час

Американците имаат „неоспорно право и свечена должност“ да побараат од администрацијата на Доналд Трамп да одговара за, како што го нарече Техеран, „избрана војна“ што САД и Израел ја започнале против Иран, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаеи.

Багаеи конфликтот го опиша како „јасен и неиспровоциран чин на агресија“ и порача дека американската јавност треба да ја повика својата влада на одговорност за „водење на оваа незаконска војна против иранскиот народ“.

За да ги поткрепи своите тврдења, тој објави и снимка од неодамнешно сослушување во американскиот Сенат, на која сенаторката Кирстен Гилибранд изјавува дека немало докази за непосредна намера Иран да ги нападне Соединетите Држави.

Текстот Иран: Американците треба да ја повикаат својата влада на одговорност за војната е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top