Иран го зголемува збогатувањето на ураниум на 60 проценти

пред 3 години

Иран планира да го зголеми збогатувањето на ураниум на 60 проценти, се вели во извештајот на државната новинска агенција ИСНА.

Заменик министерот за надворешни работи Абас Арагчи треба да ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за овој потег, што следи по сајбер нападот врз иранската нуклеарна централа Натанц.

Иран го обвини долгогодишниот непријател Израел дека ја саботира неговата клучна нуклеарна централа Натанц и вети дека ќе се одмазди за нападот.

Техеран го обвинува Израел за терористички акт насочен кон саботирање на разговорите во Виена, кои треба да продолжат кон крајот на неделава, а со тоа и за нуклеарниот договор со пет членки на Советот за безбедност и Германија.

Досега Иран збогатуваше ураниум на 20 проценти, иако нуклеарниот договор од 2015 година предвидува максимално збогатување од 4 проценти.

Share
Scroll to Top