Управата на затворот го префрла Навални во болница

пред 3 години

Раководството на затворот во кој опозицискиот руски лидер Алексеј Навални (44) издржува затворска казна од две и пол години, соопшти дека донеле одлука да го префрлат Навални, кој штрајкува со глад веќе 19 дена, во затворската болница, објави „Ројтерс“.

Затворската служба изјавила дека здравјето на опозицискиот политичар е „задоволително“ и дека секој ден го прегледуваат лекарите.

Пријателите на Навални претходно предупредија дека неговата состојба е лоша, дека му се заканува откажување на бубрезите доколку не добие соодветна медицинска помош, како и дека му се влошува видот.

Share
Scroll to Top