Иран го обвинува Израел за вештачко ширење страв во САД и Европа

Иран го обвинува Израел за вештачко ширење страв во САД и Европа

пред 3 часа

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, денес го обвини Израел дека води кампања за дезинформации насочена кон претставување на Иран како закана за обичните граѓани на Запад и создавање јавна поддршка за понатамошна ескалација на војната.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Багеи изјави дека, според него, станува збор за координирана кампања за дезинформации организирана од Израел.

„Од таканаречените фрижидерски случаи во Франција до обвинувањата дека Иран планира да убие американски функционери, сведоци сме на она што се чини дека е координирана кампања на злонамерни наративи оркестрирани од машината за дезинформации на Израел“, напиша Багеи.

Тој процени дека целта на таквата кампања е да се влијае врз јавното мислење во САД и Европа преку страв, така што граѓаните ќе ја поддржат ескалацијата на конфликтот, и покрај фактот дека, како што тврди, тие не ја поддржуваат воената политика на своите лидери.

„Целта е јасна: кога американската и европската јавност одбиваат да ја поддржат политиката на подбуцнување војна на своите лидери, стравот мора вештачки да се произведе за да се поттикне јавноста да ја поддржи ескалацијата на војната“, заклучи Багеи, како што објави Танјуг.

Текстот Иран го обвинува Израел за вештачко ширење страв во САД и Европа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top