Иран до Трамп: Изберете меѓу невозможна воена операција или лош договор

Иран до Трамп: Изберете меѓу невозможна воена операција или лош договор

пред 57 минути

Разузнавачката единица на иранскиот Корпус на чувари на исламската револуција (IRGC) упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, кој според информации разгледува ирански мировен план од 14 точки, пренесува Скај Њуз.

„Трамп мора да избира меѓу невозможна воена операција или лош договор со Исламската Република Иран“, се наведува во пораката на иранската гарда.

Во соопштението се додава дека „просторот за американско донесување одлуки се стеснил“, при што Техеран посочува на роковите за укинување на американската блокада и на, како што тврди, променетиот тон на Кина, Русија и Европа кон Вашингтон.

Претходно, Иран преку посредници достави нов мировен предлог до САД со цел конфликтот да заврши во рок од 30 дена и сегашното примирје да прерасне во траен мир.

Според достапните информации, планот предвидува три фази и 14 точки, меѓу кои постепено отворање на Ормускиот Теснец, укинување на американската блокада на иранските пристаништа и обврска за ненапаѓање што би го опфатила и Израел.

Иран, пак, бара укинување на санкциите, повлекување на американските сили од регионот и целосен прекин на непријателствата, вклучително и израелските операции во Либан.

Иако Трамп минатата недела одбил претходна верзија на предлогот, дипломатските контакти меѓу двете страни продолжуваат.

Текстот Иран до Трамп: Изберете меѓу невозможна воена операција или лош договор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top