Висок портпарол на иранските вооружени сили, генерал Аболфазл Шекарчи, се закани со одмазда против САД и Израел за нивните „бесрамни и брутални злосторства“, обвинувајќи ги за убивање цивили, жени и деца од „очај и неможност да се соочат со вооружените сили“, објави иранската новинска агенција Дефапрес, пренесе „Гардијан“.
„Им порачувам да очекуваат наша разорна одмазда за овие варварски дејствија. Наскоро ќе се одмаздиме и ќе им зададеме смртоносни удари“, рече иранскиот генерал Шекарчи.
Повик за откривање на „американско-ционистичките“ скривалишта
Иранскиот генерал, исто така, ги повика земјите и муслиманските народи во регионот да ги откријат позициите на непријателските сили за да избегнат повредување на цивилите.
„Ги повикувам муслиманските народи и земјите во регионот да ни ги откријат скривалиштата на американско-ционистичките сили, за да не бидат повредени самите. Ова ќе ни овозможи прецизно да ги таргетираме оние што ги користеа народите од регионот како човечки штитови“, рече тој.
Текстот Иран им се заканува на САД и Израел со катастрофална освета: „Наскоро ќе се одмаздиме“ е превземен од МАКФАКС.






